Египет: убиени речиси 50 лица во последниве 24 часа

Министерството за здравство на Египет пријавило најмалку 49 лица убиени во текот на вчерашниот ден додека земјата ја одбележуваше третата годишнина од соборувањето на поранешниот претседател, Хосни Мубарак. Пријавени се и најмалку 247 повредени. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашните протести се уапсени 1079 лица. Илјадници луѓе вчера протестираа едни со поддршка за актуелните воени власти, други пак за поддршка на затворениот исламистички претседател, Мухамед Морси кој беше избран на местото на Мубарак но соборен од власт минатиот јули од страна на војската.