Србија: Вицепремиерот Вучиќ рече дека ќе побара предвремени парламентарни избори

Лидерот на десноцентристичката Српска напредна партија Александар Вучиќ, најголемата партија во владеачката коалиција во земјата, денеска изјави дека ќе побара предвремени парламентарни избори, се дознавапреку британските медиуми.
Вучиќ, вицепремиер во коалициската влада, која е на власт 17 месеци, изјави дека на утрешната средба на раководството на Српската напредна партија ќе предложи „да се провери волјата на народот“.
Претседател на српскиот парламент Небојша Стефановиќ, рече дека се очекува партијата со големо мнозинство да ја поддржи идејата и дека ќе предложи изборите да се оддржат на 16 март, заедно со изборите за Белград и уште неколку други српски општини, соопшти Танјуг.
Стефановиќ изјави дека најважна причина за изборите е што на граѓаните им е необходна „брза писта“ и „несразмерно побрз напредок“.
Стефановиќ истакна дека сите опозициски партии сакаат избори и изборите се добар начин да се провери што мисли народот за политиката на Александар Вучиќ.