Авганистан: нема безбедносен пакт додека САД не започнат мировни преговори со бунтовниците

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи рече дека нема да потпише безбедносен пакт со САД, доколку Вашингтон не започне вистински мировен процес со талибанските бунтовници. Карзаи во неколку наврати одби да го потпише Билатералниот договор за безбедност што ќе им овозможи на некои американски војници да останат во Авганистан надвор од планираното повлекување н авојниците на НАТО до крајот на годинава за да ги обучуваат авганистанските војници. Карзаи предложи конечната одлука да ја донесе неговиот наследник по претседатеските избори што ќе се одржат во април.