Српскиот министер за економија си поднесе оставка

Српскиот министер за економија, Саша Радуловиќ поднесе оставка.

Како причина за оставката се наведува непостоењето на политичка волја за спроведување на реформи.

Радуловиќ претходните денови изјави дека ако веднаш не бидат усвоени системските закони, посебно законот за приватизација и стечај, тоа е сигурен знак за отстапување од реформите и оти ќе бидат распишани избори.