Каиро: Експлозија на бомба во близина на Полициската академија

Експлозија на бомба се случи во близина на Полициската академија во Каиро при што најмалку едно лице е повредено. Експлозијата се случи на третата годишнина од соборувањето од власт на автократот Хосни Мубарак. Нападот се случува еден ден по серијата бомбашки напади во кои загинаа шест лица што ги зголеми стравувањата дека нападите на исламистичките бунтовници добиваат на интензитет. Нападите на исламистичките милитанти се засилија по соборувањето на претседателот на Муслиманското братство, Мухамед Морси во јули. Се стравува дека насилствата ќе продолжат денеска при одбележувањето на годишнината од падот на Мубарак.