Венизелос во наредните недели доаѓа во Скопје

Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос во наредните неколку седмици ќе го посети Скопје, јави МИА.
Венизелос денеска на прес конференција во Атина изјави дека следните неколку седмици ќе посети пет градови од Западен Балкан – Тирана, Приштина, Белград, Подгорица, Сараево и Скопје.
Посетата ќе биде во својство на претседавач со Советот на ЕУ, и основната причина се надлежностите на Советот за општи работи на Унијата, изјави Венизелос.