Вељаноски: Да продолжи поддршка на Хрватска за Македонија

Трајко Вељаноски

„Продолжете да ја давате поддршката која досега ја дававте за Македонија за интегрирањето во НАТО и Европската унија, затоа што заеднички ќе можеме да постигнеме уште поголеми успеси, битни за Македонија и за Хрватска, но и за целиот регион“, им порача денеска претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски на пратениците во хрватскиот Сабор. Македонија и Хрватска кои, според Вељаноски, толку многу му дадоа на европскиот континент низ историјата, имаат обврска, но и право да станат составен дел од сите облици на безбедносна, економска, политичка и секаква друга интеграција.