Венизелос: нашите и позициите на албанската заедница се согласуваат

Евангелос Венизелос, заменик-претседателот на грчката Влада и министер за надворешни работи, пред францускит Сенат објаснувал дека спорот за името, кој Грција и го наметна на Македонија, е многу помал отколку „идеолошкиот“ проблем, кој таа го има со Бугарија.
Нашиот проблем со името е мал во споредба со големите јазични и историски прашања. Никој не зборува грчки во ПЈРМ, рекол Венизелос.
Ова се извадоци од записникот на Комисијата за надворешни работи и одбрана на францускиот Сенат, пред која Евангелос Венизелос, зад затворени врати ги претстави пред една недела приоритетите на грчкото претседателство со Европската унија.
Шефот на грчката дипломатијата пред француските сенатори нагласил дека „Грција е подготвена да прифати компромис“.
На крајот од својот одговор во однос на Македонија, Венизелос открива дека грчките позиции и тие на албанската заедница во Македонија се согласуваат.