Директни преговори меѓу завојуваните страни во Сирија?

Во Женева денеска почнува мировната конференција за Сирија, попозната како „Женева 2“. Но откако пратеникот на Обединетите нации Лакдар Брахими вчера во Монтре одвоено зад затворени врати се сретна со делегациите на двете завојувани страни, се уште не е познато дали ќе дојде и до директна средба меѓу нив. Брахими изјави дека се обидува да издејствува директни преговори по несогласувањата на почетокот на конференцијата во врска со идната улога на претседателот Башар ал Асад.