Претставник на ЕК во дводневна посета на Белград

Генералниот директор на Генералниот директорат на Европската Комисија за проширување на ЕУ Кристијан Даниелсон денеска ја почнува дводневната посета на Белград. Генералниот директор ќе разговара со премиерот на Србија Ивица Дачиќ, а ќе има состаноци и со други српски официјални претставници и со претставници на невладините организации.
Даниелсон доаѓа во Белград два дена откако Србија официјално ги почна преговорите за членство со ЕУ, откако во вторникот на 21 јануари во Брисел беше одржана првата конференција ЕУ – Србија.