Времето денеска ќе биде променливо облачно

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Само на повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Изутрина по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла, а во крајниот западен дел од земјава ќе има услови за локален краткотраен дожд и на планините со краткотраен снег.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од осум до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и претежно тивко. Изутрина ќе има појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 11 степени.