Украински новинар ја напушти земјата по добиени закани

Виталиј Портников

Познатиот украински новинар и соработник на Радио Слободна Европа Виталиј Портников ја напуштил земјата страхувајќи за неговата безбедност. Тој изјави дека бил принуден на тоа откако добил информација од, како што наведе, веродостојни извори во Русија дека украинските власти плаирале да го убијат. Портников е член на комитот за односи со јавноста на Еуромајдан, организационо тело на проевропските протести во Киев.