Едвард Сноуден: дејствував сам

Едвард Сноуден

Пребеганиот соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден ги отфрли сугестиите дека бил руски шпион, велејќи дека дејствувал сам во обелоденувањето на американските програми за тајно следење. 30 годишниот Сноуден за весникот „Њујоркер“ изјави дека не добил помош од никој. Соединетите држави бараат екстрадиција на Сноуден под обвинување за предавство. Тој се наоѓа во Русија каде што има привремен статус на азилант.