Собраниска седница на чиј дневен ред е и Изборниот законик

Во Собранието на Македонија денеска ќе се одржи четвртото продолжение на 82-та седница. На дневен ред се Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка и Предлог одлуката за избор на претседател, заменик-претседател и членови на Комисијата за верификација на фактите. Пратениците ќе расправаат и по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за филмската дејност, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Законот за медиуми, сите по скратена постапка. Најавена е дискусија и по Предлог-законот за изменување на Законот за заштита на сведоци.