Ердоган: Човештвото повеќе не може да чека за Сирија

Турскиот премиер Реџеп Таjип Ердоган денеска изјави дека „човештвото не може повеќе да чека“ за пронаоѓање на решение за сириската криза, нагласувајќи дека нема ништо полошо од сегашната власт во Дамаск.

Во извештај, објавен денеска и заснован на сведочења и снимки доставени од дезертер, тројца меѓународни обвинители ја обвинуваат Сирија за масовни убиства и измачувања. Во извештајот се тврди дека 11 илјади затвореници починале во затворите на сирискиот режим.

- Тоа покажува колку е сериозна ситуацијата во Сирија, рече Ердоган во Брисел на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.

Осврнувајќи се на конференцијата за Сирија, „Женева-2“, што почнува утре во швајцарскиот град Монтре, Ердоган нагласи дека човештвото треба да дејствува и не може повеќе да чека да бидат донесени вистински одлуки.

Ромпуј нагласи дека доколку информациите содржани во извештајот се покажат како точни, тие ќе претставуваат „потврда за злосторствата“ извршени во Сирија.