Србија ги почна преговорите за членство во ЕУ

Евро-комесарот за проширување Штефан Филе изјави денеска дека поглавјата за владеењето на правото, независноста на судството и односите со Косово, ќе бидат привите за кои ќе се преговара со Србија во 2015-та година, а во оваа ќе биде вршен скрининг. На прес конференцијата по првата меѓу-владина конференција со која официјално почнаа преговорите на Србија со Европската Унија за членство, Филе оцени дека ова е историски ден за Србија. Шефот на грчката дипломатија Евагелос Венизелос оцени дека Србија ќе ги исполни условите и ќе стане членка на ЕУ, со што се согласи и српскиот премиер Ивица Дачиќ, проценувајки дека тоа ќе се случи во 2018-та.