Докази за масовни убиства во Сирија

Во извештајот на тројца поранешни меѓународни обвинители за воени злосторства соопштија дека има докази оти во Сирија, од почетокот на конфликтот пред три години, биле егзекутирани околу 11 илјади затвореници. Извештајот е базиран врз илјадници фотографии и документи на сиријски владини претставници. Доказите ги изнел од Сирија поранешен полициски фотограф, кој избегал од земјата.