ОН ја повлекоа поканата на Иран за мировните преговори за Сирија

Генералниот секретар на ОН нации Бан Ки Мун

Ситуацијата со учеството на Иран во разговорите во Женева за иднината на Сирија најверојатно е решена по вчерашните противења земјата да учествува во мировниот процес. Генералниот секретар на ОН нации Бан Ки Мун најпрвин изјави дека Иран ќе учествува, но вчера ја повлече поканата. Бан Ки Мун, како што соопшти неговиот кабинет, бил разочаран кога ирнаскиот амбасадор во ОН соопштил дека Техереан не го прифаќа предусловот за транзициона влада во Сирија. На учеството на Иран се противеа и САД и сириската опозиција.