Уште едно обвинение против Морси

Поранешниот претседател на Египет Мохамед Морси.

Египетското обвинителство вчера подигна обвинение против поранешниот претседател Мохамед Морси и 24 други политичари, новинари, активисти и адвокати за „навреда на судството“. Тие се соочуваат со парични казни или до 6 месеци затвор. Ова е четврта група обвиненијата против поранешниот исламистички претседател, кој во јули беше соборен од страна на армијата по големите протести во земјата. Морси е во притвор од соборувањето од власт. Тој веќе е обвинет за поттикнување убиство на неговите противници, заговор со странски организации и организирање бегство од затвор. Судењето против него треба да продолжи во февруари.