Експлозија во воена база во Пакистан, 20 жртви

Најмалку 20 пакистански војници загинале, а 30 се повредени во експлозија во воена база во градот Бану во Северен Вазиристан. Талибанците подоцна потврија дека стојат зад нападот и ветија дека ќе има уште напади. Северен Вазиристан се смета за засолниште за Талибанците и на милитантни групи поврзани со Ал Каеда. Пакистанските воени конвои честопати се цел на бомби, но експлозиите во внатрешноста на воените бази се ретки.