Украинската опозиција најави голем митинг во Киев

Украинската опозиција за денеска планира голем митинг во Киев. Планираните демонстрации во украинскиот главен град доаѓаат на само неколку дена откако претседателот Виктор Јанукович го потпиша законот со нови ограничувања на јавни протести. Новата легислатива мина низ парламентот во четвртокот. САД и Европската унија новите мерки ги нарекоа анти -демократски. Опозицијата го обвини Јанукович дека се обидува да се инсталира „диктатура". Во Украина и понатаму има тензии кои започнаа со одлуката на претседателот Виктор Јанукович да не го потпише договорот со ЕУ. Одлуката предизвикува едни од најголемите протести во земјата од Портокаловата револуција во 2004 година.