Туркменистан -Нема веќе бесплатен гас за граѓаните

Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов изјави дека неговата влада планира да стави крај на неограниченото снабдување на природен гас до граѓаните. Бердимухамедов изјави дека ќе се постават мерачи за гас во секое домаќинство и ги охрабри луѓето поефикасно да ја користат енергијата. Претседателот, сепак, не даде каква било временска рамка за таквата акција. Домаќинствата во Туркменистат од 1993 година добиваат бесплатно гас, електрична енергија и вода. Бердимухамедов во минатото, вети дека ќе ја продолжи таа политика до 2030 година. Земјата е четвртата по ред во светот по големина на резерви на природен гас, но сепак, властите во последниве неколку месеци спомнуваат дека домашните субвенции се покажале како премногу скапи за владата.