Временска прогноза - магливо и облачно

Времето изутрина во Македонија ќе биде магливо и со ниска облачност, а во крајниот северозападен дел ќе има услови за краткотраен локален дожд. Преку денот видливоста ќе се зголемува. На повисоките места и на планините ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Во поголемиот дел од земјава ќе се задржи претежно тивко со умерен ветер на планините и на повисоките места.

Утринската температура се движи од минус два до три, а дневната од четири до 13 степени.

Во Скопје времето е претежно облачно и тивко со појава на слаба магла. Дневната температура ќе се искачи до шест степени.

Во недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни. Во вторник кон среда на планините и на некои повисоки места во западните и југозападните делови од земјава се очекуваат и врнежи од снег.