Обама забранил прислушкување на сојузниците


Американскиот претседател Барак Обама објави дека забранил американската влада да ги шпионира лидерите на држави или влади, кои се блиски пријатели и сојузници на Соединетите Држави. Обама ги претстави реформите на американското разузнавање, во кои е содржано и одобрение за телекомуникациските компании да можат да и даваат повеќе информации на јавноста во врска со владините барања на податоци. Во обраќањето, Обама истакна дека се превземени мерки за да се убедат и американците и останатите во светот дека САД ќе ја почитуваат приватноста. Обама го повика Конгресот да формира независна комисијаза контрола на Агенцијата за разузнавање.