Украина: „војна против граѓанскиот сектор“

Неколку невладини организации за човекови права во Украина денеска ги осудија законите усвоени во парламентот, со кои меѓу другото, се забрануваат протестните собири во земјата. Според нив, парламентот му објавил војна на украинскиот граѓански сектор. Овие закони наидоа на осуда од ОБСЕ, Европската унија и американскиот Стејт Депратмент.