Брисел: Самитот меѓу ЕУ и Русија ќе трае пократко од предвиденото

Самитот на лидерите на ЕУ и на Русија кој треба да се одржи на крајот на овој месец во Брисел е скратен. Настанот во Брисел предвиден за 28 јануари најпрвин беше планирано да биде дводневен но сега тој ќе се сведе на само неколкучасовен „во светло на последните настани“, како што изјави портпаролката на ЕК, Маја Косијанич. На него ќе учествуваат рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на ЕК, Хозе Мануел Баросо кои као што најави Косијанич, ќе имаат „длабока дискусија“ околу односите меѓу ЕУ и Русија кои се влошија по настаните во Украина.