Конференција за националните митови во ЈИЕ

Денеска и утре во Скопје се одржува конференција на тема: „Националниот идентитет како централна политичка заложба: случајот на Југоисточна Европа и нејзините сопернички митови на потекло. Организатор на конференцијата е Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С).
На конференцијата ќе учествуваат истакнати светски и домашни експерти кои ќе ги презентираат своите истражувања околу прашањата за националните митови на потеклото помеѓу различните народи во регионот на Југоисточна Европа, како и нивното влијание врз политичкиот живот во земјите од регионот.