САД : Конгресот ја изгласа буџетската сметка од 1.1 трилион долари

Американскиот Конгрес ја изгласа буџетската сметка вредна 1.1 трилиони долари. Мерката беше изгласана и во Сенатот со 72 спрема 26 гласови, апретходно беше усвоена и во Претставничкиот дом. Претседателот Барак Обама се очекува да го потпише актот до сабота.
Сметката ги покрива трошоците од оние за војската до оние за националните паркови во текот на фискалната година која завршува на 30 септември. Гласањето се случува точно три месеци по 15- дневното исклучување на владата.