Путин: Никој нема да биде дикриминиран во Сочи

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска во Москва дека Олимписките игри во Сочи ќе бидат целосно во согласност со Олимписките идеали, без каква било дискриминација. Се разбира, Русија ќе ги подржува своите спортисти, но им посакуваме успех на сите, рече Путин. Во меѓувреме, во Тбилиси, грузијскиот премиер Иракли Гарибашвили изјави дека спортот треба да се одвои од политиката и оти грузијските спортисти ќе учествуваат на Олимпијадата во Сочи.