Референдумот во Египет успешен?

Првичните резултати од дводневниот уставен референдум во Египет покажуваат дека текстот е усвоен со големо мнозинство, соопштуваат официјални претставници. Според нив, излезноста била околу 55 отсто, а повеќе од 90 отсто од оние што излегле на гласање го поддржале нацрт-уставот. Забранетото Муслиманско братство повика на бојкот на референдумот со што го стави во прашање одѕивот на гласачите. Владата, која е поддржана од армијата, вели дека референдумот има за цел да ја врати демократијата во земјата, откако војската го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси. Новиот устав треба да го замени оној што го донесе власта на Морси во 2012 година.