Американски сенатори разговараа за политичката криза во Украина

Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат вчера разговараше за политичката криза во Украина. Во исто време, судот во Киев забрани протести во центарот на главниот град на оваа поранешна советска република, каде што илјадници луѓе одржуваат антивладини протести од крајот на ноември. Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, на вчерашното сослушување рече дека Вашингтон сака украинската политичка криза да се реши политички, демократски и мирно. Таа рече дека Вашингтон ќе разгледа „широк спектар на алатки“ што ги има на располагање ако украинските власти користат или охрабруваат насилство кон сопствените граѓани. Протестите во Украина избувнаа во ноември, откако претседателот Виктор Јанукович и неговите политички сојузници одлучија да не го потпишат договорот за асоцијација со ЕУ и наместо тоа да ги зајакнат врските со Русија.