Виетнам ја одложува изградбата на првата нуклеарка во земјата

Илустрација: Големи поплави во Виетнам во 2013 година.

Официјален Ханој го одложува почетокот на изградбата на првата нуклеарна централа во земјата што требаше да ја гради руска фирма, поради загриженост за безбедноста и ефикасноста, јавуваат државните медиуми од Виетнам. Нуклеарката во провинцијата Нин Туан требаше да ја гради руската фирма Атомстројекспорт, подружница на државната компанија за нуклеарна енергија Росатом. Со руски кредит од 8 милијарди долари за проектот, изградбата требаше да почне во 2014 година. Виетнамскиот премиер Нгујен Тан Зунг утринава соопшти дека изградбата веројатно ќе биде одложена до 2020 година „за да се обезбедат највисоките стандарди за безбедност и ефикасност“. Виетнам планира да изгради седум нуклеарни централи до 2030 година, но властите се загрижени за нуклеарната технологија по катастрофата во јапонската нуклеарка Фукушима во 2011 година.