Продолжува „чистката“ во турската полиција

Во полицијата во Анкара денеска се поделени поголем број откази.
Меѓу отстранетите од должност се и 12 началници и нивните заменици во одделенијата за борба против организираниот криминал.

Тоа се случува и во низа поголеми турски градови и окрузи.

Според Си-Ен-ЕН Турк, околу 500 полицајци биле отпуштени од работа по големата антикорупциска операција на 17 декември кога беа приведени и синови на двајца министри, директорот на државната „Халкбанк“, државни службеници и бизнисмени.