Пожар во болницата каде е хоспитализиран Мушараф

Пожар изби во пакистанската болница каде е хоспитализиран поранешниот владетел Первез Мушараф. Надлежните на воениот институт за кардиологија велат дека станува збор за мал пожар кој веднаш бил изгаснат. Во тек е истрага за причините за настанот. Мушараф беше хоспитализиран минатата недела откако му се слоши на пат кон судница.