Заев и Шеќеринска со својот имот гарантираат за Шиповиќ

Претседателот и потпретседателот на на СДСМ Зоран Заев и Радмила Шеќеринска со својот имот гарантираат дека претседателот на Советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ ќе остане достапен за правосудните органи во текот на целата судска постапка и бараат тој да се пушти од притвор и да се брани од слобода.
Документите му ги доставиле на неговиот бранител кој заедно со документите за хипотека на личниот имот на Шиповиќ ќе ги достави до судските органи.
- Токму поради документите кои недвосмислено гарантираат дека Шиповиќ ќе биде достапен до сите правосудни органи во текот на целата постапка, очекуваме и го повикуваме Основниот суд Скопје 1 да го почитува правилото на пресумпција на невиност, да ги почитува заклетвите дадени при преземање на функциите и да го почитува Уставот и македонските закони и да овозможи господинот Шиповиќ да се брани од слобода... Единствена цел и единственото барање е Шиповиќ да може да се брани од слобода, а притоа да се овозможи Општина Центар да функционира онака како што гласаа граѓаните од оваа општина, изјави Шеќеринска.