Антитерористичка акција во Турција

Турската полиција спроведе голема операција против терористичката мрежа Ал Каеда во неколку турски окрузи, при што биле приведени голем број осомничени лица. Меѓу приведените биле и Ибрахим Шен, кој важи за втор човек на Ал Каеда на Блискиот Исток, како и еден од лидерите на турскиот огранок на терористичката мрежа, Халис Бајанџук. Се претпоставува дека осомничените регрутирале и префрлале борци во Сирија, Авганистан и Пакистан и собирале пари и оружје за Ал Каеда вотие држави. Турската полиција упаднала и во канцеларијата на исламистичката фондација „Човекови права и слободи“ во Килис, на границата со Сирија. Генералниот секретар на фондацијата Јашар Кутлуај изјави дека властите се обидуваат да ја претстават организацијата, како огранок на Ал Каеда.