Најмалку 200 бегалци се удавиле во Јужен Судан

Најмалку 200 цивили се удавиле денеска во бродска несреќа на реката Бел Нил во Јужен Судан во обид да избегаат од новите борби во градот Малкал. Бунтовниците почнале нова акција за освојување на овој град во северниот дел на земјата кој веќе неколу пати од минатиот декември преминува во контрола или на бунтовниците или на владините сили. Во досегашните борби загинале над илјада луѓе.