Азербејџан: опозиционер осуден за „хулиганизам“

Јадигар Садигов

Политичкиот активист и советник на азербејџанската опозициска партија Мусават, Јадигар Садигов вчера е осуден на 6 години затвор за „хулиганизам“. Тој беше уапсен во јуни, пред претседателските избори, откако „воен ветеран“ од градот Ланкаран се пожалил во полиција дека Садигов го претепал во чајџилница пред два дена.
Во завршната изјава на процесот, Садигов рекол дека е невин по сите обвиненија, нарекувајќи го судењето „политичка фарса“ и обид да го замолчат.
Адвокатот на Садигов изјави за Радио Слободна Европа дека планира да ја обжали пресудата.
Групите за заштита на човековите права објавија дека во моментот во затворите во Азербејџан се наоѓаат 145 политички затвореници.