Советник на Радио Слободна Европа не доби руска виза

Дејвид Сатер

Претседателот на Радио Слободна Европа Кевин Клосе изјави дека руската влада го одби барањето за виза на Дејвид Сатер, американски новинар и советник на Радиото. Во вчерашната изјава, Клосе истакна дека американската амбасада во Москва била информирана за тоа и оти е поднесен формален дипломатски протест до руското министерство за надворешни работи.
Сатер живее и работи во Русија како советник на Радио Слободна Европа од септември 2013 година.
Клосе смета дека употребата на зборот „непожелен“ од страна на руските официјални лица претставува прогласување на Сатер за „персона нон грата“ во Русија.