Бан ки Мун - во Ирак да се решат проблемите во корен

За време на посетата на Багдад, генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, ги повика ирачките лидери да се посветат да ги решат основните причини за порастот на насилството во земјата.
Посетата на Бан доаѓа во време на пресметки меѓу безбедносните сили и милитантите во провинцијата Анбар.