Киев - се бара оставка на министерот за внатрешни

Во Киев, неколку стотици про-европски активисти протестираа пред Министерството за внатрешни работи.
Тие побараа разрешување на министерот за внатрешни работи Виталиј Захаренко и други функционери во МВР за кои велат дека наредиле употреба на сила против демонстрантите.
Активисти го обвинуваат Захаренко за тепањето на истакнатиот лидер на опозицијата Јуриј Лушенко и други демонстранти ноќта на 10 јануари. Демонстрантите фрлаа пари велејќи дека тоа се средства за да се испрати министерот Захаренко во Сибир.