Назарбаева предлага експлоатирање на полињата со марихуана

Дарига Назарбаева, ќерка на претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев и пратеничка во парламентот, денеска предложи да се дадат на управување дивите полиња со марихуана на фармацевтски компании. Таа образложи дека во изминатите години се трошеле огромни суми пари за уништување на тие полиња и оти е многу попрактично меѓународни фармацевтски компании да ги експлоатираат. На тој начин, според неа, че се отворат нови работни места и ќе има добивка.