Кери и Лавров разговараа за евентуално примирје во Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери, по разговорите со неговиот руски колега Сергеј Лавров во Париз, изјави дека станало збор за можноста од примирје во Сирија, кое би се договорило на мировната конференција во Швајцарија во наредната недела. Кери додаде дека примирјето можеби ќе се однесува на одредени региони, како на пример во градот Алепо. Станало збор и за можноста од размена на затвореници меѓу сиријските сили и бунтовниците, како и за начините за доставување хуманитарна помош за сиријците во регионите зафатени од конфликтот. Се согласивме дека решението на конфилктот мора да биде мирољубиво и оти нема воено решение, изјави Кери. Лавров и пратеникот на Арапаската лига, Лахдар Брахими, оценија дека и Иран би требало да учествува на мировната конференција за Сирија.