Скршена спомен плочата на Мара Бунева

Илустрација

Непознати сторители ноќеска целосно ја искршиле спомен плочата на Мара Бунева, на кејот на Вардар во Скопје, што вчера ја поставија претставници на неколку бугарски здруженија.
во организација на Бугарскиот културен клуб, вчера во црквата Св. Димитрија во Скопје се одржа панихида за Мара Бунева, а потоа на кејот на реката Вардар беше поставена нова спомен плоча.
Денеска се навршуваат 86 години од атентатот што го извршила Мара Бунева врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ во центарот на Скопје. Откако го извршила атентатот, таа се самоубила.