Белоруски опозиционер, малтретиран од полицијата

Анатол Лиабешка

Анатол Лиабешка, лидер на опозиционата Обединета граѓанска партија во Белорусија, бил тепан и малтретиран од полицијата и обвинет за кршење на законот за јавни собири. Тој денеска изјави дека вчера 7 лица го уапсиле пред неговуиот дом, по што го однеле во полиција. Пред да го ослободат, најнапред го однеле до масовната гробница на жртвите од сталиновата ера, во близина на Минск, а потоа до градскиот крематориум, со што психички го малтретирале.