Средба Кери-Лавров во Париз

Државниот секретар на САД Џон Кери кој престојува во посета на Париз денеска ќе разговара со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров со намера да донесат решение за улогата на Иран во запирањето на Сириската граѓанска војна. Кери во Париз изјави дека мировната конференција за Сирија, најавена за 22 јануари во Швајцарија, претставува тест за опозициските сили кои се закануваат дека нема да присуствуваат на разговорите. Сириската Национална Коалиција размислува дали да присуствува на средбата во Женева по критиките дека не ги претставува во целост останатите опзициски групи кои бараат заминување на сирискиот претседател Башар Ал Асад. Претходно Кери ја повика опозициската коаллиција на претседателот Ахмед ал Џарба да обезбеди присуство на неговата група.