Авганистан-Напад на бомбаш самоубиец врз полициски автобус

Најмалку шест лица загинале во денешниот напад на бомбаш самоубиец врз полициски автобус во Кабул. Министерството за внатрешни работи соопшти дека експлозијата одекнала на патот Џалалбад додека автобусот ги превезувал полицајците кон нивните домови. Талибанските милитанти често го користат автопатот Џалалабад за навните напади врз авганистанските сили во последните неколку години.