Нападнат советникот на премерот на Пакистан

Најмалку шестмина полицајци загинале во самоубиствен бомбашки напад во кој цел бил советникот на Премиерот на Пакистан Наваз Шариф. Полицијата соопшти дека експлозијата одекнала во непосредна близина на конвојот во кој на чело бил Амер Мукам кој патувал во северо-западен Пакистан каде требало да има политичка средба.Мукам кој е еден од клучните лидери во партијата на Шараф не е повреден во нападот. Ова е прв напад врз член на партијата на Шариф откако тој ја презеде власта во јуни..Шариф во своите првични изјави кажуваше дека тој сака да одржи мировни разговори со пакистанските талибанци со цел ставање крај на конфликтот.