Турската полиција заплени оружје во близина на Сирија

Полицијата во јужниот турски округ Адана денеска заплени два автобуса со оружје и муниција недалеку од границата со Сирија, јавија турските медиуми.Оружјето било сокриено во багажниот простор на автобусите, кои патувале за округот Хатај.Во последните месеци во Турција, особено во близина на границата со Сирија, неколку пати беа запленети превозни средства натоварени со оружје.
Турција долго време ја поддржува сириската опозиција. Оваа земја беше обвинета дека ги помага радикалните групи во Сирија, дозволувајќи преку турската граница да биде изнесувано оружје.Анкара го отфрли тврдењата дека ги вооружува бунтовниците