Скопската магла го пролонгира заминувањето на македонските ракометари на ЕП

Маглата над скопскиот аеродром „Александар Велики’’ го пролонгира заминувањето на машката репрезентација на Македонија во Данска, каде од утре ќе започне 11-то Европско првенство во ракомет.Експедицијата во која покрај репрезентативците и стручниот штаб, се и десетина новинари и педесетина навивачи кои требаше да полетаат со чартер лет во 9 часот, засега останува на аеродромот „Александар Велики’’, се до 11 часот за кога се очекува подобрување на временските услов.

Алтернатива се аеродромите во Софија, Ниш или Белград, бидејќи и на најблиските аеродроми во Охрид и Приштина временските услови се исти како и во Скопје.

Првиот натпревар на Европското првенство Македонија ќе го игра утревечер од 20 часот против домаќинот Данска